Радио Милева џепна фолк венера

Стојне реши да ве потсети, колку е секси (ФОТО)

Стојне реши да ве потсети, колку е секси (ФОТО)

Мала, ситна, динамитна, по Ноне таа е новата македонска џепна венера… Само, фолк, се разбира! Убавина и сексапил не и недостасуваат, како ни„тезги“, како што естрадните уметници меѓусебе популарно ги нарекуваат своите настапи!

Стојне Николова важи за онаа нова македонска фолк гарнитура, пејачка од помладата генерација која за кусо време се етаблираше во првата македонска пејачка фолк лига, кога се распеаните припаднички од понежниот пол во прашање.

 

Не само заради вокалните квалитети, туку и заради телесните атрибути, Стојнето иако можеби нема кошаркарска висина, има пропорции и сексапил кој никого не остава рамнодушен.

Згодна – неопходна, но не само со стас туку и глас кој освојува штом ќе ја слушнете да запее, неодамна Стојнето реши да покаже дека и фолкерите по теркот на рокерите, знаат да направат и испеат кавер верзии на познати патриотски песни, кои во новото руво звучат ништо помалку добро од оригиналот, ама и во однос на рок конкуренцијата.

Така, штом ја слушнете верзијата на Стојне Николова и нејзиниот тим на „Крушево абер пристигна“, веднаш ќе ви стане јасно дека  преработките на „Ѓурѓа…, Шумите…, Бабо…, Јовка…“  на „Некст Тајм“ добиле сериозна конкуренција!

https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/stojne-nikolova-ja-voskresna-legendarnata-krushevo-aber-pristigna-video/

Арно ама, пејачката добро знае дека само од пеење фајде си нема, па затоа убавото Стојне реши да ве потсети колку е секси!

До душа споделила малку стари, малку нови фотографии од нејзините фотосесии, ама сеедно. И на едните и на другите, „(с)експлозивната струмичанка“ изгледа како вистинска бомба.

На веќе видените фотографии во долна облека од црна тантела каде пејачката е подразголена или на поновите во модерни куси фунстанчиња и црни чизми до над колена…

…динамитната Стојне изгледа подеднакво привлечна, пожелна, секси… Џепна венера за сите времиња!

To top