Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ почина пред една година во тешка сообраќајна несреќа во Германија.
Неговото семејство и неговите пријатели се уште не може да прифатат дека го нема познатиот пејач.
За „Информер.рс“, Шаулиќ открива како и поминала едната година без Шабан.
„Зад мене е година со болка и тага, еден вистински кошмар. Не знам да живеам без мојот Шабан. Не знам. Тој е мојот живот“ вели Гоца.
Гоца проговори за човекот со кој беше 43 години во брак и открива што најмногу и недостига.
„Шабан и јас растевме заедно, живееме под ист покрив. Се чувствувам како некој да ми го украде. За мене и моите деца тој се уште е тука. Единствено кога така размислувам можам да продолжам понатаму“ вели сопругата на Шабан и продолжува:
„За мене тој е на некој далечен пат, на некој настап ширум светот. Некогаш патуваше без мене, а некогаш знаев да му се придружам. Знам дека еден ден ќе му се придружам без оглед на тоа каде се наоѓа“.
Таа потенцираше дека времето не ја лечи болката.
„Лажат кога велат дека „времето лекува се“. Тоа најдобро го знаат оние кои изгубиле некој најмил. Продолжуваш со животот, се будиш, спиеш и така секој ден, но болката во срцето не престанува“ вели Гоца.
Таа открива во кои моменти и е најтешко:
„Секој час, ден, недела, месец….Најмногу ми е тешко на важните датуми кога сите бевме заедно. Тешко ми е кога ги славиме родендените на нашите деца и внуци, а го нема мојот Шабан. Посебно ми недостига на нашата годишнина од бракот и на неговиот роденден. На Нова година ми беше многу тешко. Меѓутоа, иако физички не е тука, знам дека е присутен. Го чуваме во срцето и душата и додека сме живи ќе го чуваме споменот на него. Тој го заслужи тоа бидејќи освен тоа што беше голем уметник беше и голем човек“ вели сопругата на починатиот пејач.
Гоца истакна дека се уште нема сила да ги гледа емисиите во кои гостуваше Шабан, ниту пак да ги слуша неговите песни.