Актерот кој секогаш го привлекува вниманието е Били Портер. Тој како и многу други личности се појави на 92-то доделување на Оскари кое се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес.
Били за оваа манифестација одбра несекојдневна комбинација во златна боја.
Имено станува збор за корсет изработен од злато и здолниште со впечатлив дезен.Пердувите на корсетот се изработени од 24-каратно злато, а на нозете носеше чевли со високи потпетици кои исто така имаат златни детали на нив.
Фоторепортерите не одолеа а да не го фотографираат.