По 22 години работа во Гранд, Саша Поповиќ реши да замине на годишен одмор на Малдиви за прв пат среде сезона на снимање на шоуто. Повод е прославата на 24-годишнината од неговиот брак со Сузана Јовановиќ.
Магот на естрадниот шоу бизнис се согласил да и ја исполни желбата на неговата сопруга, па на средина на сезоната решиле да заминат на одмор, оставајќи го водењето на емисијата на Воја Недељковиќ и Сања Кужет.
Поранешниот продуцент и ко-сопственик на Гранд, кој сè уште е задолжен за „Ѕвездите на Гранд“ и „Гранд специјал“, не отсуствал повеќе од две децении од снимањата, но се согласил да и ја исполни желбата за неговата сопруга.
Покрај неговата сопруга, на оваа одлука многу влијаеле и Лепа Брена и Јелена Карлеуша.
„Штом Брена се врати од Малдивите, таа се виде со Поповиќ и неговата сопруга, и му покажа фотографии од хотелот, плажите, морето … Сузана беше воодушевена, и напомена дека и Карлеуша и ги покажала своите слики од Малдивите, а потоа почна да го убедува Саша и тие да заминат. Тој рече дека бизнисот не треба да страда, дека можат да патуваат во август, но пејачките му објасниле дека тогаш не е сезона на Малдивите поради дождовите, па на крајот Поповиќ се согласил. Тој многу работи и често го советуваа да забави, особено затоа што се повлече од минатата година од сопствеништвото на Гранд.