Во недела ќе се одржат „Оскарите“, а македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран во две категории: за најдобар документарец и за најдобар филм.
Екипата на филмот се наоѓа во Холивуд каде што ги прави последните подготовки за Оскарите, а за оваа прилика Атиџе има и нова фризура.
Македонската пчеларка Атиџе Муратова, ѕвездата на филмот „Медена земја“, го шармираше Холивуд.
До освојувањето на трите награди на филмот на фестивалот „Санденс“ пред една година, Атиџе живееше во земјена колиба без струја и вода во дивите предели во Македонија, а сега е главна ѕвезда во Холивуд.
Како што пишува агенцијата „Франс прес“, Сара Џесика Паркер се сретнала со Атиџе и холивудската ѕвезда била возбудена поради средбата со македонската хероина.
„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.
Кога Атиџе заминала да го проба фустанот кој ќе го носи на „Оскарите“ и биле потребни 20 минути за да помине 200 метри.
„Луѓето ја сакаат. Таа стана ѕвезда. Немаме избор освен некако да се носиме со тоа. Антрополошки, не би требало да го правиме тоа, но имаше голем притисок од јавноста во Македонија таа да оди на Оскарите“, додаде Георгиев.
Дали „Медена земја“ ќе освои „Оскар“ останува да следиме во недела.
извор: нетпрес