Радио Милева жална вест

Тага на естрадата: Почина Љиљана Петровиќ

Тага на естрадата: Почина Љиљана Петровиќ

Почина Љиљана Петровиќ, првата претставничка на Југославија на Евровизија во 1961 година.

Љиљана на музичкото натпреварување ја претставуваше Југославија со песната „Неке давне ѕвезде“, а го освои осмото место.

Петровиќ случајно започнала да се занимава со пеење односно кога не нејзиниот настап на „Мал Лошињ“ била забележана од страна на директорот на Југотон.

Тој и понудил да снима плоча во Љубљана каде што ја слушнал Јоже Прившек и понудил песна со која таа настапуваше на Евровизија.

фото: принтскрин/пинк

Дотогаш, анонимната пејачка од Нови Сад станува една од најпознатите пејачки во забавната музика, настапуваше на бројни фестивали, но никогаш не победи.

Кон крајот на 70тите, Лилјана се повлече од естрадата.

Љиљана Петровиќ ќе биде запаметена и по песната на Јован Адамов, „Нека то не буде у пролече“, која ја отпеа на фестивал во Опатија во 1966 година.

To top