Мегафон гратис стимулација...

На апаратите за наплата на паркинг на ПОЦ се гледаат филмови за возрасни: Порно паркинг (ВИДЕО)

На апаратите за наплата на паркинг на ПОЦ се гледаат филмови за возрасни: Порно паркинг (ВИДЕО)

Задоволството што може да ви го приредат „Паркинзи на Општина Центар“, не може никој… и тоа за без пари!

Нивните апарати за наплата станаа, апарати за „надражај“… Апарати за гратис стимулација… Зашто на нив можат да се гледаат „порничи“. До душа, мааната им е што немате можност за избор, па што ќе ти пушти мајсторот – тоа е, ама затоа има можност за сексуална едукција со гратис стимулација… Па откако ќе акумулираш знаење, слободно можеш да се паркираш, па знаењето и практично да го примениш… Сам, со партнерката или партнерот или како група граѓани… Во зависност од афинитетите и приликите на паркираниот!

И ако подобро размислите, станува сомнително ова ПОЦ да не го направиле намерно, за паркирањето подолго да трае, а со тоа и сметката за паркинг да е поголема?

Ама кампањата вели, Центар не е паркинг? Е, не е! Ама, Центар не е ни порно кино, нели?

To top