Лејди Гага претходната година се најде во центарот на вниманието кога на „Оскарите“ заедно со Бредли Купер ја отпеајаа песната „Shallow“.
Отогаш кружеа гласини дека парот има нешто повеќе од пријателство, а овие гласини уште повеќе се зголемија кога Бредли ја раскина својата врска со руската манекенка Ирина Шајк.
Меѓутоа, се тоа испадна дека се само гласини, па Лејди Гага ужива во новата љубовна врска.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/paparacite-ja-ulovija-lejdi-gaga-kako-se-baknuva-so-misteriozen-maz-foto/
Имено, деновиве папараците ја уловија пејачката како се бакнува со новото момче односно инвеститерот Мајкл Полански.
Самата пејачка врската ја потврди со фотографија на Инстаграм на која седи во крилото на своето момче.
Мајкл Полански е еден од основачите на фондацијата „Паркер“ која работи во Сан Франциско.
Како што открива „Page Six“, Гага и Полански заедно ги прославиле празниците, а потоа одлучиле и официјално да станат пар.