Кралицата Елизабета првпат се појави во јавност по одлуката на Меган Маркл и принцот Хари да се повлечат од кралските должности.
Кралицата која 68 години е на престол ја посети Кралската воздухопловна база во источна Англија.
Ова беше прво јавно појавување на 93 годишната кралица откако нејзиниот внук принцот Хари и Меган Маркл донесоа одлука да се повлечат од кралското семејство и поголемиот дел од времето да го поминуваат во Канада.
Кралицата Елизабета ја поддржа одлуката на Меган Маркл и Хари да не ја носат титулата и да бидат финасиски независни.
Од нејзиното последно појавување, кралицата Елизабета го обнови својот однос со синот Ендру.
За време на посетата на Кралската воздухопловна база кралицата беше облечена во праска боја, а се смешкала додека се ракувала со персоналот