Радио Милева некоја друга жена...

Тања Јовановска -Трајкова покажа дека и македонските фолкерки можат да бидат како оние од „Гранд“ или „Планета“: Кожа и латекс за секси садо – мазо! (ВИДЕО)

Тања Јовановска -Трајкова покажа дека и македонските фолкерки можат да бидат како оние од „Гранд“ или „Планета“: Кожа и латекс за секси садо – мазо! (ВИДЕО)

За македонските фолкерки, со исклучок на неколку кои се бројат на прстите од едната рака, најчесто се вели дека се далеку зад оние од соседството. Особено зад оние во Бугарија и Србија, а последниве години и од Албанија… не по вокалните способности секско, па дури ни по телесните атрибути, колку поради начинот на облекување, имиџот и модата која ја тераат… Како да застанале некаде во времето.

Арно ама, не ќе да се сите… Веќе споменавме дека има и некои како: Сузана Гавазова, Елена Велевска, Сања Барби Цинцева, Сања Сани Гроздановска… кои слободно можат да се носат со распеаните убавици од српската или бугарската естрада, без оглед што нивото на гламурот можеби не им е како нивниот, зашто и заработката кај нас е далеку под онаа на пејачките од соседството, а гламурот како што е познато, скапо чини! Особено брендираните марки!

Но сепак… На ова друштво македонски фолкерки по она што може да се види во последно време, а и по она што го најавува, му се приклучува и Тања Јовановска – Трајкова.

Атрактивната кумановка и пред последните фотографии имаше „срамежливи“ обиди да го истакне својот сексапил на виделина, иако истиот никогаш не и недостасувал. Но, за посериозна кариера и поголема популарност, очигледно потребен е не само добар глас, туку и телесен потенцијал, кој треба да се потенцира и покаже.

Откако музиката се’ повеќе се „слуша и со очи“, а не само со уши, згодната кумановка решила да го комплетира впечетокот до крај, па на увид на јавноста да и го понуди сиот свој телесен раскош со кој располага.

Најпрвин преку новогодишните фотографии како секси дада-мразица, каде пејачката најави дека може и поинаку да изгледа.

Тело -вретено во мрежесто црно провидно боди, распослано крај кожената гарнитура за седење, испружени долги нозе и високи потпетици, како уште една увертира дека Тања може да бира, својот сексапил како ќе го пласира.

А, очигледно  одбрала тоа да биде пакет во неколку варијанти, за нов имиџ во новата година. Кожа и латекс за секси садо – мазо изглед!

Најпрвин црвен латекс, црвени чевли со високи потпетици  и нова шатирана фризура со кркми… Или можеби само перика, ама сеедно, имиџ со кој пејачката изгледа сосема  поинаку… Стегната, со истакнати телесни  атрибути одзади и истурени гради, сместени во градник од црвена тантела под раскопчаната карирана кошула…

И конечно за впечатокот да биде комплетен дека фолкерката решила да заврти нов лист во својата кариера и да ја прескокне „моралната“ бариера која најмногу го „гуши“ успехот на естрадата, е новата фотосесија на пејачката.

Црна кожа-латекс комбинација, а под неа разголено тело… „Кожа на кожа“ и високи потпетици, фолкерката позира качена на фотелја во пози што ја скокоткаат машката фантазија…

 

View this post on Instagram

 

Photo Session ?? @mikidichevskii

A post shared by Tanja Jovanovska Trajkova (@tanjajovanovskaa) on

Новата Тања со секси садо-мазо имиџ, кој како во највозбудливиот машки сон, го крева адреналинот… до плафон!

To top