Радио Милева

Каролина Гочева на социјалните мрежи му поласка на Новак Ѓоковиќ (фото)

Каролина Гочева на социјалните мрежи му поласка на Новак Ѓоковиќ (фото)

Новак Ѓоковиќ по осми пат стана шампион на Австралија Опен, откако во финалето по пет сета беше поуспешен од Доминик Тием.

Кога беше најпотребно, српскиот тенисер играше на највисоко ниво и заслужено се израдува на нова титула во Мелбурн.

По тој повод многу јавни личности преку социјалните мрежи истакнаа колку се горди на најдобриот светски тенисер.

Освен од уметниците од српската естрада, Новак честитки доби и од македонските јавни личности.

Една од нив беше и македонската пејачка Каролина Гочева која во кратктите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од тенисерот, а во описот на истата напиша: „Еден и единствен“.

фото: Принтскрин/инстаграм/каролинагочева

Освен Гочева, на Ноле му поласка и македонската дива Калиопи која напиша: „Браво шампионе“.

фото: Принтскрин/инстаграм/калиопи_оффициал

Огенен Здравкоски, Јоце Панов и Дарко Спејко исто така следеа Австралија Опен, па на социјалните мрежи објавија фотографија од Ѓоковиќ каде го бакнува пехарот.

фото: Принтскрин/инстаграм
фото: Принтскрин/инстаграм
фото: притнсркин/инстаграм

За српскиот тенисер ова е осми трофеј во Мелбурн и 17-ти на Грен слем турнирте. Вкупниот награден фонд на АО изнесуваше 49 милиони долари.

To top