Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ Мрка за „Денот на вљубените“ ќе наполнат годишнина од бракот.
Неодамна во медиумите се појавија вести дека Мрка имал здравствени проблеми, а по овие приказни тој беше фатен во прошетка со Бекута.
„Да ве известам дека сум жив и здрав, но Ана не ме пушта сам“ вели Мрка.
Ана и Мрка на 14 февруари ќе наполнат осум години од врската, а пејачката вели дека тој и е најголема поддршка во животот.
„Тој има големо значење за мене како жена. Полн е со искуства кои несебично ги дели со мене, ми дава совети и имаме прекрасна комуникација бидејќи одлично се разбираме. Жал ми е што немам дете со Милутин. Сакав да го сретнам порано и да имаме потомство. Тој би бил прекрасен татко“ изјави Ана.