Ана Николиќ испила малку повеќе на аеродромот во Дубаи, па цариниците морале да ја приведат и не ја пуштале во авионот заради количината на алкохол во нејзината крв, според извештаите на медиумите.
Кога се вратила од Тајланд, каде одмарала откако ги снимила видеата за новиот албум, Ана, наводно, се предозирала со пијалок во авионот за Дубаи. Таа требала да преседне на лет од Дубаи за Белград, но царинската контрола ја спречила да го стори тоа.
„Ана седеше во бизнис класата сама. Пред полетувањето, таа бараше шампањско од стјуардесата која ја послужи. Бидејќи е во бизнис класа, таа имаше право да пие и јаде неограничено, што и го искористи, но по две шишиња, шампањско за среќа повеќе немаше“ – вели изворот.
„Драмата сепак се случи кога авионот слета во Дубаи, откако цариниците не ја пуштија, затоа што мирисаше на алкохол, па тие не дозволија да се префрли во авионот за Белград. Таа се изнервира, па почна да псуе на српски и гласно да вика.
Цариниците ја советувале да земе хотелска соба и да преспие, но таа продолжила да се жали и да прави проблеми. На крајот, таа сепак преспала во Дубаи и го продолжила патувањето кон Белград следниот ден“ – заклучил изворот.