Тој дефинитивно важи за најдобриот и најпопуларен пејач во Македонија последниве години. Влатко Лозаноски освои награда на МАС во категоријата најдобра поп фолк нумера во регионот, за неговата песна „Мајко“. Беше претставен како пејач од „Северна“ Македонија, а тој пак, во своето обраќање на најкултурен начин го коригираше најавувачот, истакнувајќи дека доаѓа од Македонија, без таа додавката на името, која беше спомената во најавата. Лозано исто така, пред целиот балкански аудиториум во директниот пренос кој го пренесуваа мноштво национални ТВ станици, потенцираше дека таа вечер говори на македонски јазик, па во шега додаде дека меѓудругото и Јелена Карлеуша тврди дека македонскиот и е најсекси јазик.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-mac-2020-jas-sum-makedonec-toa-e-makedonija-vlatko-lozanoski-ushte-ednash-pokaza-kolku-e-golem-i-kako-muzichka-dzvezda-i-kako-vistinski-patriot-i-makedonec-video/
По овој потег, Лозано одново стана „херој на нацијата“. Уште во истиот момент социјалните мрежи беа преплавени токму со него и неговата изјава.
Мноштвото коментари беа позитивни, но како и секогаш, хејтерите и останатите „оперирани“ од нацинално чувство искажаа негативни коментари околу истото, обидувајќи се да ја стават неговата изјава во партиска рамка, со тврдења дека е во функција на нечиј политички маркетинг. За среќа, таквите можеа да се избројат на прсти…
Токму затоа екипата на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ – „Бекстејџ“ реши да поразговара со Лозано и да дознае од прва рака, што мисли и што чувствува по ова прашање, дали се’ уште стои зад својата изјава, има ли таа политичка заднина…?
Што точно кажа Влатко Лозаноски во камерата на „Бекстејџ“, погледнете во видеото во продолжение: