Луна Ѓогани направи скандал со наградите МАC бидејќи ја изгубила скапата крзнена бунда.
Се чини дека новопечената пејачка од многу возбуда почнала да заборава и да ги губи своите работи.
На церемонијата, Луна се расположи, а тоа траеше сè додека не се врати во бекстејџ. Потоа сфати дека и недостасува бундата за која ја платила скапо.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luna-gjogani-se-iznervira-od-pehot-koj-i-se-sluchi-na-golemite-muzichki-nagradi-vo-belgrad-foto/
– Луна дојде на МАC со пријателите и менаџерoт, а пред влезот на едeн од нив им ја дала бундата за да ја чува безбедна додека таа се сликаше на црвениот тепих и даваше интервјуа. Соработникот што го чуваше нејзината скапа бунда во еден момент пријде и рече дека мора да оди и ја остави јакната во бекстејџ. Кога го напуштила местото за интервјуа, Луна ја зеде бундата и ја наметна, но додека луѓето се приближуваа кон неа да се фотографираат, случајно ја спушти некаде. После половина час, кога сфати дека ја нема, почна да се буни – започна извор кој бил присутен во текот на оваа непријатна сцена, додавајќи:
– Почна да вика, и постојано велеше дека некој ја украл, и дека ќе открие кој го сторил тоа. Пријател пријде и се обиде да ја смири, а некои од присутните влегоа во акција да бараат. После десет минути барање зад сцената, тие успеаја да ја најдат. Луна подоцна се извини за непријатностите и сцените што ги направи и рече дека е нервозна, како и дека е бундата ја купила од првите заработени пари – вели изворот за српски Курир.