Радио Милева

Џенифер Лопез со емотивна порака се прости од Коби Брајант

Џенифер Лопез со емотивна порака се прости од Коби Брајант

Од кошаркаската легенда Коби Брајант се прости и познатата пејачка Џенифер Лопез.

Џенифер се огласи на својот „Инстаграм“ и истакна дека чувствува голема тага поради загубата на Брајант.

„Семејство. Кога гледавме вести за Коби, јас и Алекс разговараме за моментите со него на кои се сеќаваме…семејството е тоа кое е најважно. Сите ние чувствуваме тага поради овој губиток, но на се што можам да помисилам е дека ова е зрно во песок во според она низ што поминува Ванеса. Ти праќам љубов, ќе се молам за тебе, твоите деца и за сите семејства кои изгубија драг член во оваа трагична несреќа. Коби, ни значеше премногу и ќе засекогаш ќе недостигаш. Ти благодарам на твојата работна етика, твојата инспирација и твоите зборови….напиша Џенифер на „Инстаграм“.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, со Коби почина и неговата тринасетгодишна ќерка Џиана.

To top