Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл денес изјави дека ќерката и нејзиниот сопруг, принцот Хари ја повредиле кралицата Елизабета со нивната одлука да го напуштат кралското семејство.
„Се срамам, ми е жал за кралицата“ изјави Томас за утринската програма „Добро јутро Британија“:
Тој додаде дека не разбира зошто Меган и Хари одлучиле да ги напуштат кралските должности.
„Нивната одлука е многу збунувачка и не верувам дека некоја ја разбира. Заминувањето од кралското семејство ќе направи уште проблеми“ изјави Томас, а пренесува Ројтерс.
Томас кој не беше на венчавката на Меган и Хари изјави дека се уште ја сака својата ќерка и дека е разочаран што се отуѓиле.
„Навистина ми недостига мојата ќерка“ изјави Маркл.