Мегафон Живееше за да ја види во WNBA

Последниот натпревар на Џиана и Коби Брајант: Таа требаше да биде женска НБА ѕвезда (ФОТО)

Последниот натпревар на Џиана и Коби Брајант: Таа требаше да биде женска НБА ѕвезда (ФОТО)

TMZ Sports, американскиот медиум кој прв ја објави веста за страшната несреќа,  објави и неколку од последните фотографии направени од Коби Брајант со неговата ќерка Џиана. И на двајцата им е кошарката во мислите, на  еден од последните натпреварии за жал, воопшто заеднички моменти во животот.


Фотографиите се снимени во саботата во спортската академија во сопственост на Брајант – „Мамба“, каде екипата на „Џиџи Мамба“ одигра два натпревари за девојчиња од 8-то одделение тој ден. Може да се забележи како Коби  внимателно ја следи покрај аут линијата додека Џиана е на теренот.


Во еден момент, Коби се гледа како му дава совети на своето дете. Не е јасно дали тој е главен тренер на нејзината сегашна екипа или не, но тој  дефинитивно е на фотографијата фатен  во тренерска улога.

Коби изјавил дека Џиана има аспирации да биде во WNBA (женската НБА) и според сите, таа беше на добар пат да стигне таму.
Едно нешто е сигурно: И двајцата беа жестоки вљубеници и ја сакаа играта што ја играа.

Извор: ТМЗ.ком

Фото: ТМЗ.ком/Инстаграм принтскрин

To top