Американски „Mirror“ пишува дека славните холивудски актери и поранешни брачни сопружници, Бред Пит и Џенифер Анистон, се обидуваат да го обноват стариот однос.
Најблиските пријатели на славниот пар велат дека Бред и Џенифер најмалку петпати биле на состанок пред неодамна да се сретнат на црвениот килим и да предизвикаат бројни коментари на темата дека се повторно заедно. Дури и за божиќните празници биле заедно во нејзината вила, за што и тогаш се пишуваше.
“Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако тој и го скрши срцето кога ја остави за Анџелина Џоли. И требаше многу време, но му прости. Тоа е голем чекор ако сакате да продолжите понатаму”, рекол пријател на актерката.
И пријателите на актерот тврдат нешто слично за Бред Пит.
“Единственото нешто за кое зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел толку среќни со години”, рекол неговиот колега чиј идентитет „Mirror“ не го открива.
Потсетуваме, кога Бред на црвениот килим го прашале дали Џенифер ќе му прави друштво на Оскарите, Бред се насмеал, поцрвенел и рекол дека нема да има придружба. Кога Џенифер била запрашана од новинарите за врската со Бред, таа имала подготвен одговор.
“Тоа е смешно. За што се’ луѓето зборуваат”, рекла Џенифер.