Американскиот медиум ТМЗ Спортс кој меѓу првите ја објави веста за страшната хеликоптерска несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка, како и уште неколку други лица ја потврди веста дека меѓу загинатите сепак НЕ БИЛ некогашниот соиграч на Коби од ЛА Лејкерс, НБА кошаркарот Рик Фокс!
Имено, адвокатот на Рик Фокс дефинитивно ја негирал веста, и потврдил дека поранешниот „езерџија“ сепак НЕ бил меѓу оние што се наоѓале во хеликоптерот кој се урна и покрај гласините што кружеа, а некои медиуми избрзано ги објавија, дека и тој бил со Коби.