Како што е познато и како што веќе објавивме, македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот свршеник со кого на истото музичко талент шоу се запознаа и засакаа – Александар Гуте Маринковиќ, неодамна се венчаа во Србија.
Тие направија едноставна и скромна прослава, со свечен ручек во кругот на најблиските пријатели и роднини.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ednostavno-i-skromno-se-venchaa-elena-milenkovska-i-gute-marinkovikj-foto/
Во меѓувреме Елена обзнани и дека е бремена, заради што неколку дена подоцна и јавно најави дека ќе мора на одредено време да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, што значи дека некаде напочетокот на летото среќните сопружници за прв пат ќе станат и родители.
Но пред тоа ќе се случи – свадба. Зашто кога се две распеани души во прашање, свадба мора да има! Пејачката и пејачот се венчаа во Србија, ама “Гранд“ свадбата допрва ќе биде во Скопје! А Елена се подготвува да биде бремена невеста. Затоа и при венчавката одбрала да биде облечена во бели пантолони, зашто венчаница еднаш се облекува. А неа Елена ќе ја облеча на 22 февруари, кога е закажана свадбата во скопскиот хотел „Континентал“ од 18.45 часот.
Се очекува покрај најблиските, роднините и пријателите на Елена и Гуте, од Србија да дојдат уште некои познати гости. Сите нив ќе ги забавува една позната и реномирана македонска група, а како што е ред едни од најинтересните моменти на свадбената веселба ќе бидат оние, кога невестата и младоженецот ќе се фатат за микрофонот!
„За да ја запознаеш вистинската радост, треба да имаш некој со кој ќе ја споделиш“ – им пишува на свадбената покана на Елена и Гуте, кои својата радост таа вечер ќе се ја споделат на големата „Гранд“ свадба во Скопје со своите најблиски, роднините, другарите, пријателите, колегите… И се разбира, меѓусебе во животот!
Вистина.ком.мк им посакува на младите да се вечни и среќни и да прераснат во многудетно семејство!
Во меѓувревеме, невестата вежба да биде вредна домаќинка, која треба да покаже дека еднакво ја бива во кујната како и на сцената… Дека подеднакво е добра кога ќе се фати за шпоретот, како и за микрофонот!