Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска е една од оние кои секојдневно „растураат“… на тезга, секако! Сани скоро и да нема слободна вечер кога се настапите по локалите, кафеаните и ноќните клубови во прашање, се разбира плус свадбите. Особено, викендите каде нема „игла кај да падне“ кога Сани пее… А пее – „растура“… Ама и топ изгледа.
Последниот настап – жив доказ кој ја потврдува тезата. Фолкерката во стегната „црно – па се не види“, ама сепак се гледа… Или поточно се насетува!
Сани како и секогаш, соодветно облечена за настап, овој пат во црно мини фустанче и црна кошула од тантела… Проѕирна, која повеќе покажува отколку што сокрива, ама сепак ништо конкретно не оддава… Само сед наѕира, па се насетува!
Доволен е еден поглед кон Сани од зад „решетките“ на пругастата кошула и на она што ѕирка под неа и бакшишот сам ти излегува од џеб! Песната ти е гратис од пејачката!
А кога сме веќе кај пејачката, факт е дека на тезга е опасно секси… Ама на социјалните мрежи, поточно на Фејсбук, фолкерката е опасно двосмислена. Кој не верува, нека го ѕирне нејзиниот ФБ профил… Или поточно нејзината насловна.
Прво што ќе во падне на ум е: „Што ли сакаше да каже порача пејаката… И кому?“
Кому и да е, очигледно со Сани нема з..бавање!