Радио Милева

Има специфичен имиџ: Ќерката на Жељко Самарџиќ тргна по стапките на својот познат татко (фото)

Има специфичен имиџ: Ќерката на Жељко Самарџиќ тргна по стапките на својот познат татко (фото)

Пејачот Жељко Самарџиќ важи за семеен човек, кој е многу горд на своите деца кои ги има со сопругата Маја.

Сања и Даниела не сакаат да бидат изложени во јавноста, додека Миња беше дел од јавниот живот до пред неколку години.

Миња Самарџиќ, талентот за пеење го наследила од нејзиниот славен татко, па во 2010 година ја сними првата песна „Алкатраз“.

После тоа, таа продолжи да снима песни, а во 2015 година го издаде цел албум за „Сити рекордс“.

Сепак, таа се повлече од медиумите набргу потоа, но не крена раце од пеењето. Таа сè уште се занимава со музика, настапува во клубови и на разни музички настани, но не се појавува во медиумите.

Миња, освен својот музички талент, се издвојува и со нејзиниот специфичен имиџ.

фото:инсатграм

Таа сака да си игра со косата, а во моментов е обоена сина боја. Можете да видите како изгледа денес на фотографиите.

Поврзани теми

To top