Српската пејачка Милица Тодоровиќ по неколку месечна пауза повторно се врати пред ТВ екраните и тоа во емисијата „Амиѓи шоу“.
Имено, Милица ја обелодени својата врска со актерот Петар Стургар за која се пишува со месеци.
Тие заедно гостуваа во „Амиѓи“, па раскажаа како се запознале, колку време се заедно, но открија и некои интимни детали.
Исто така, Тодоровиќ имаше задача да реклмаира одреден производ, а без да знае овој пат пејачката го рекламираше својот партнер.
Меѓутоа она што не се прикажуваше во емисијата е нивното јавно разменување на нежности и бакнежи.
Имено, додека на ТВ екраните се прикажувале реклами, во студиото Милица и Петар размениле нежности, а паднал и првиот јавен бакнеж.
Екипата на „Папарацо лов“ го снимаше овој момент.