Меган Маркл и принцот Хари направија голем скандал со одлуката да се повлечат од кралското семејство, а со денови се главна тема во сите медиуми.
Меган веќе некое време е во Канада, а принцот Хари и се придружи пред некој ден, меѓутоа останатите членови на кралското семејство не можат да ги избегнат прашањата за популарниот пар.
Така, сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер на еден јавен настан ја прашаа дали ќе и недостигаат Меган Маркл и принцот Хари.
Камила одлучи внимателно да одговори, па по кратка пауза се насмеа и одговори:
„Хммммм….Секако“.
Watch Camilla’s face closely as she answers the question: “Will you miss Harry & Meghan?”
The Duchess of Cornwall smiles, pauses, then says “Hmmm. Course!” ??pic.twitter.com/CbPbb92bAL— Chris Ship (@chrisshipitv) January 20, 2020
Видеото од одговорот на Камила веднаш се прошири низ социјалните мрежи, а корисниците коментираат како војвотката дала дипломатски одговор.