Во медиумите како бомба одекна веста дека Памела Андерсон се омажила по петти пат.
За сајтотот „Page Six“, потврдено е дека Памела (52) се омажила пред два дена (во недела) за филмскиот продуцент Џон Питерс (74).
Памела и Џон се забавуваа и пред 30 години.
„Тие многу се сакаат“. Прекрасна холивудска романса“ изјави извор близок на парот.
Нивниот прв состанок се случил во 1980-тите години за на крајот да завршат заедно, а Памела го потврдила тоа на „Инстаграм“ едноставно пишувајќи „Среќен живот“.
Џон Питерс е продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“ на верзијата од 70тите, како и на поновата верзија со Лејди Гага и Бредли Купер.
Памела пред бракот со Џон Питерс беше во врска со францускиот фудбалер Адил Рами.