Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа пред повеќе од десет години, а се сретнаа на доделувањето на SAG наградите, додека средбата и насмевките беа мета на “длабоки анализи на експертите“.
Американските медиуми претходно ја пренесуваа деталната анализа на експертите за говор на телото, а еден од нив изјавил дека нивните движења се интересни за анализирање.
„Таа изгледа задоволно“, „Тој ја повлекува“, „Бред се смее“, „Со него никогаш не се знае ништо“ – се само дел од коментарите на ескпертите.
На британската телевизија гостувал Мајк Картер кој вака ја опишал средбата на холивудските ѕвезди:
„Гледате како тој ја држи својата награда, како ја вперил во Џенифер? Тоа е како да ѝ го покажува својот полов орган. Не му е на Бред лабав“ – изјавил Картер правејќи игра со зборови на сметка на наградите.
Водителите направиле гримаса, а експертот го прекинале со реклами.
„Ќе им дадам на сите по сто долари доколку се бакнат“, „Тој неа и понатаму ја сака“, „Види го како се смешка, пресреќен е кога ја гледа“ – се само некои од коментарите на ова видео.