Македонскиот модел Ана Марија Јанковиќ е новото лице на познатиот моден бренд Guess.
Таа престојува во Лугано, Швајцарија, каде се одржа модна ревија од затворен тип за пријателите на брендот или поточно за нивните најверни потрошувачи. На ревијата покрај најверните купувачи на парчињата на модната куќа, присуствуваа многу познати личности од светот на модата, но и од јавниот живот и шоубизнисот.
Осумнаесетгодишната манекенка, која е ќерка на нашиот уметнички фотограф и режисерна видеоспотови, битолчанецот со хрватско потекло Дарио Јанковиќ, во неколку наврати се прошета по модната писта, правејќи ги првите чекори не една ревија како ново лице на Guess. Инаку, Ана Марија е членка на модната агенција Real Woman Agency од Белград.
Во Македонија снимила неколку реклами заедно со или без нејзиниот татко, а се појавува и во некои од видеоспотовите што тој ги изработи и режираше, како последниот на Јоце Панов на пример, „Ноќас купујем илузије“.
Еве како изгледаше нејзината деби прошетка во различни модели по модната писта како ново лице на Guess на ревијата во Лугано: