Фолк пејачката оваа година ќе се оствари во улогата на мајка по две неуспешни бремености, а на свет треба да донесе девојче, вест што неодамна ја сподели со сите.
На нејзините последни објави на социјалните мрежи се забележува трудничкиот стомак, кој пејачката веќе не може да го сокрие, дури и да сака.
Обожаватели со воодушевување го дочекаа нејзиното ново издание,а комплиментите на сметка на тоа се нижат до недоглед.
Слаѓа повеќепати спомена дека е пресреќна што ќе најпосле ќе стане мајка, желба која ја имаше веќе неколку години.