Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски неодамна ја издаде својата прва песна за „Гранд“, односно „Извини“.
Огнен песната ја отпеја на српски јазик, а автори на текстот се Лазар и Магдалена Цветковски. Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“.
Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар, а обајцата се потомоци од легендарното македонско музичко семејтво Џорлеви.
Досега песната на „Јутуб“ брои повеќе од 40 000 прегледи, а под неа се нижат и позитивни коментари.
Меѓутоа, и македонската пејачка Лина Пејовска му поласка на својот колега која на социјалните мрежи напиша „Браво“ за песна.
Исто така, и српскиот пејач Саша Ковачевиќ им порача на своите фанови да ја слушнат новата песна на Огнен.
Меѓу оние кои ја споделија и песната на Огнен е и Марија Шерифовиќ која претходната година му беше ментор на Здравкоски.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Огнен, па сами проценете дали ќе ви се допадне.
За потсетување, Огнен претходната година влезе во финалето на регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ каде што успеа да остави убав впечаток, а Шерифовиќ неколку пати истакна дека Огнен и е омилен кандидат и со нјадобар вокал.