Радио Милева Никаде како дома

Ристе Ристески се врати во Охрид, а само таа ги имаше резервирано срцето и душата за него (фото)

Ристе Ристески се врати во Охрид, а само таа ги имаше резервирано срцето и душата за него (фото)

Единствениот македонски победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ од 2017 година, Ристе Ристески, не е од оние што покрај професионалните моменти и ангажмани, практикува да објави некој детаљ од приватноста.

Неодамна за промена, тој го покажа својот нов дом во Белград за кој откри дека му требало верме да се адаптира, но сепак не може да каже дека константно живее во Србија, бидејќи постојано патува на релација Белград-Охрид.

фото:ристе ристески/инстаграм

Сега, веројатно му недостигаше семејството и родната земја, па се врати на неколку дена во Охрид.

Настапите во регионот му станаа се почести, но деновиве е резервиран најмногу за семејството. На своите Инсатграм приказни Ристе објави фотографија со својата помала сестра Анастасија, а во описот напиша „братско-сестринска љубов“.

Анастасија е млада дама која е среќна за доаѓањето на бато, па затоа времето најмногу му е резервирано за неа и секако останатите членови од семејството.

По акумулираната љубов и топлината на домот, Ристе се врати во Белград каде денес веќе има закажан настап.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/skromno-i-bez-mnogu-detali-dzirnete-vo-iznajmeniot-stan-na-riste-risteski-vo-belgrad-foto/

To top