Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Војин Ражнатовиќ кој од убиството на неговиот татко живее во Америка, не е во најдобри односи со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Војин кој е активен на социјалните мрежи, одговараше на прашања од неговите следбеници и откри што треба да се случи за да ги закопа „воените секири“ со Цеца.
„Ако Цеца и децата ти пружат рака дали би прифатил да се смирите и да ги закопате „воените секири“?, праша некој од следбениците.
„Ставот ми е ист веќе 20 години – ќе мора прво да го промени презимето“ одговори Војин.
За потсетување, неодамна се наполнија 20 години од смртта на Аркан.