Центарот за социјална работа повторно поднесе тужба против хрватската пејачка Северина бидејќи наводно го прекршила законот, не наведувајќи за каков прекршок станува збор, пишува 24сата.хр.
„Во конкретниот случај, Центарот не може да изнесува детали за постапката и семејната ситуација бидејќи со изнесување на податоци во јавност се прекршуваат законските правила“ велат од Центарот за социјална работа.
„Немаме сознанија за пријавата која ја спомнувате ниту пак знаеме што би поднеле пријава“ вели адвокатот на Северина.
Инаку, при крајот на претходната година судот во Загреб донесе одлука со која Северина го изгуби старателстовото над синот, односно малиот Александар сега веќе живее со неговиот татко Милан Поповиќ, а пејачката ќе може да го гледа секој втор викенд, како и секој вторник и четврток.
За потсетување, во последните 7 години поранешните партнери Милан Поповиќ и Северина водат битка за старателството над синот.