СДСМ продолжуваат да си тераат по стариот терк. Едно да мислат, друго да кажуваат, а трето да прават!

Така, откако вчера им испрати на партиските функционери наредба да не одат во кафеани, Љупчо Николoвски денес самиот ја прекрши сопствената одлука.

Имено, на видеото поставено на Youtube се гледа како Николовски кој е генерален секретар на СДСМ, „лумпува“ во кафеана.

Со русокоса „певаљка“, турбофолк на увце, чаша алкохол и добро друштво, наредбодавецот не додржа ни 24 часа, па го погази сопственото задолжение… Очигледно, некои навики се посилни и од сопствениот збор!