Една од најпознатите манекенки на светот, Кејт Мос, која сега е на 46 годишна возраст, важи за една од најфотографираните жени на светот.
Кејт како модел е откриена кога со семејството од Бахамите се враќале во Англија на аеродром во Њујорк кога имала само 14 години.
Во текот на нејзиниот живот ја следеа бројни скандали, често „заглавуваше“ на елитни забави, а беше позната по тоа што „може да шмркне три грама кокаин и да испие литар вотка во рекорден рок“. Беше во врска со Џони Деп, а по нивното раскинување нејзината зависност излезе од контрола.
Јавноста се сеќава на нејзината афера со Сејди Фрост, тогашна сопруга на актерот Џад Лоу, кој подоцна им се придружил во тројка.
За една кампања на Келвин Клајн, таа позираше полугола со Марк Валберг, по што имала психолошки слом, бидејќи ѝ било непријатно да се разголи покрај него.
Секако, побарала и помош во една лондонска клиника, но и таму ја запалила својата соба, заспивајќи со запалена свеќа.
Но и покрај се, таа и понатаму останува запаметена како еден од најуспешните и најбараните модели во светот.