Радио Милева

На црвен килим заедно со наследниците: Погледнете колку пораснаа синовите на Вил Смит (фото)

На црвен килим заедно со наследниците: Погледнете колку пораснаа синовите на Вил Смит (фото)

Холивудскиот актер Вил Смит (51) со синовите Џејден (21) и Треј (27) се појави на премиерата на „Лоши момчиња за живот“, а популарниот актер не криеше колку е горд и среќен што е во друштво на неговите наследници.

Вил и неговите синови не ја тргнаа насмевката од нивните лица, а како што е добро познато со неговиот постар син Треј, актерот не беше во добри односи, па сите се воодушевија што се појавија заедно на премиерата на филмот.

фото:инсатграм

Имено, по разводот од неговата прва сопруга Шри Зампино, со кого го има синот Треј, наследникот на Вил се чувствувал напуштен, што влијаело врз нивната врска.

Покрај Треј кој го доби со својата прва сопруга, Вил со актерката Џејда Пинкет Смит ја има ќерката, Вилоу (19) и син, Џејден (21).

фото:инсатграм/вил смит

– Не беше вака помеѓу Треј и мене. Се боревме со години откако се разведовме со неговата мајка. Се чувствуваше изигран и напуштен. Вистински благослов е што ја обновив врската со мојот убав син – напиша Вил во 2018 година.

To top