Луна Ѓогани немаше закажана тезга за Нова година, а дневната забава за 31 декмври во Нови Сад била откажана бидејќи немало доволно интерес, пишува курир.рс
Новопечаната пејачка на 31 декември во попладневните часови на својот „Инстаграм“ објави соопштение со кое откри дека нејзиниот настап се откажува.
„Драги мои, извинете што дури сега се јавувам, морам да ви кажам дека мојот настап е откажан поради приватни работи, се извинувам на сите кои требаа да дојдат, ќе имаме прилики да се дружиме“, напиша Ѓогани.
Неколку дена пред нејзиниот настап се највуваше дека победничката на „Задруга“ дека ќе пее во еден локал во Нови Сад, а цената на картите изнесуваше 700 динари односно 350 денари.
Според пишувања на курир.рс, продажбата на картите била лоша, па поради тоа бил откажен настапот.
„На Луна пред концертот и се јавија да и кажат дека нема луѓе, тие се надеваа дека влезниците ќе се распродадат на 31 декември. Но. тоа не се случи. Таа беше шокирана. Се прашуваше како е можно бидејќи станува збор за дневна забава и секој може да дојде, па потоа истакна дека станува збор за лоша организација. Кога малку се смири одлучи да го напише соопштението кое беше нејасно бидејќи истакна дека настапот е откажан поради приватни проблеми, а тоа не е точно“ вели извор близок на Луна.
Она што најмногу ја погоди Ѓогани е што никој не бил заинтеренсиран за да ја ангажира за Нова Година.
„Често ги прашуваше менаџерите за да праша дали некој се јавил за да закаже настап за Нова Година и секојпат кога ќе слушнеше негативен одговор се разочаруваше. И беше срам да каже, па затоа велеше дека ќе пее, но дека не знае каде. Така беше се до самиот дочек кога откри дека 2020 ќе ја дочека во кругот на семејството“ тврди изворот.
Луна не била достапна за коментар.