Иако календарски веќе е зима и владеат ниски температури, надвор се уште немаме снежна покривка или барем не на пониските места.
Оние кои се љубители на зимата и снегот, ја подготвија зимската опрема, куферите и заминаа некаде на зимување.
А бидејќи скијањето како спорт не е за секого, само оние најхрабрите се качија на скии и се впуштија во зимските игри и предности кои ги носи ова годишно време.
Македонците најчесто како своја локација го бираат Банско во Бугарија, или пак нашето Маврово или Попова Шапка.
Македонската пејачка Викторија Лоба повторно за своја дестинација го одбра Копаоник. Имено, Лоба и пред еден месец исто така беше на Копаоник, па очигледно и се допаднала оваа дестинација и одлучи да се врати на истото место.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/viktorija-loba-i-toa-go-proba-na-kopaonik-nadvor-smrznuvachka-a-vo-otvoreniot-bazen-pliva-machka-foto-video/
Но, за Лоба нема зима. Иако надвор е смрзнувачка и камен студено, таа немаше проблем да се впушти во зимските лудории.
И секако тоа јавно да го сподели со оние кои ја следат на социјалните мрежи.
Имено, пејачката прво објави фотографија од скиите и сонцето кои ѕирка во убавините на Копаоник.
А потоа на своите фанови и подржувачи им покажа како изгледа малку поразлично кога е на сцена, односно како ги полни батериите во зимскиот период. Во црна зимска опрема и скии под нозете, Викторија ужива на снегот, а широката насмевка на нејзиното лице е неизбежно да не се забележи.
За потсетување, Викторија се сврши претходната година, а како што најави свадбата ќе се случи оваа година.