Тамара Ѓуриќ одлучи да си го врати природниот изглед и да ги отстрани сите силиконски импланти кои таа ги вметна во своето тело пред неколку години.
Таа долго време планирала да оди во странство, каде што нејзиниот тим на хирурзи ќе и ги отстрани т.н.филери, кои останаа во нејзиниот задник, заради кои имаше сериозни проблеми. Заедно со филерите, Тамара исто така, одлучи да ги отстрани силиконите од своите гради.
Операциите поминаа добро, а Тамара е презадоволна со резултатите.
„Вистина е. Отидов да го вратам природниот изглед. Фала му на Бога, кога имам што да вратам и да бидам природно убава. Да бидам искрена, ми се гадеше и ми беше смешно да гледам девојки кои се сите исти, личат една на друга и се разликуваат само по селската генетика. Кај некои дебели листовите и зглобови добиени од фолклор, кај други подбрадокот, а кај трети носот, како за сечење бурек.
Сето тоа спакувано во синтетика и други евтини материјали кои по потење испуштаат мирис на нивниот роден крај“ – изјавила Тамара за еден од српските медиуми.