Хрватската пејачка и српска снаа, Северина Којиќ ги шокираше своите следбеници и обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм.
Севе важи за една од најдобро облечените дами од јавниот живот, но понекогаш знае да изненади со ексцентрични комбинации кои би си ги дозволиле само оние најхрабрите во моден поглед.
Овој пат облече син комбинезон и врз него впечатлива принт јакна кои и не беа спорни, но она што го облече на нозете покрена лавина од негативни коментари.
Имено , таа комбинацијата ја спои со шпиц обувки со отворена пета, а со нив и чорапи во контрастна нијанса.
Оние подобро упатените во модата, кожеби и би го одобриле ваквиот стајлинг, но останатите кои преферираат комерцијала и едноставност, тешко прогледуваат низ ова, па го карактеризираат како модна катастрофа на годината.