Српските медиуми пишуваат дека Милица Тодоровиќ е во врска со актерот од „Сенки над Балканот“, Петар Стругар, а сега телеграф. рс пишува дека парот наскоро ќе започне да живее заеднички живот.
Како што се зборува, планот е тоа да се реализира во следните два месеци, а наводно Милица ќе се всели кај Петар кој ќе го прилагоди станот на нејзините потреби.
„Двајцата се постојано заедно, и тоа од првиот ден кога се запознаа. Бидејќи и двајцата имаа врска, особено Милица која со поранешното момче помина пет години, им годи овој момент на возбудување. Петар е вистински господин, внимателен е и таа љубов станува безусловна. Се договорија Милица да започне да живее со него“ вели извор и додава:
„Свесни се дека се познати личности и дека постојано се под притисок на јавноста. Тоа е уште од причина поради која ќе живеат заедно бидејќи така ќе уживаат во поголема слобода. Планираат за еден месец да го почнат заедничкиот живот. Пред тоа, Петар има план да го прилагоди станот и на својата партнерка. За ова кратко време на нивната врска тие успеајаа да одат на многу места. Освен тоа што беа во Црна Гора, одат и на вечера, забави, кино, кај пријатели. Исто така, Милица беше воодушевена од неговата љубов кон коњите“ вели извор за „Старс“.
За потсетување, Милица и Петар не потврдија дали се заедно, но екипата на телеграф.рс ги фотографирала како се шетаат во Црна Гора.