Пејачката Елма Синановиќ, поднесе кривична пријава против поранешниот сопственик на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ.
На почетокот на декември 2019 година, обвинителството одлучи да ја прифати жалбата на Елма Синановиќ, на која прво и беше одбиена кривичната пријава што ја поднесе против Саша Поповиќ за делото: Кражба и затајување данок, а сега обвинителството бара информации од Поповиќ за затајувањето данок.
На крајот на 2018 година, Елма Синановиќ изнесе шокантни тврдења за тогашниот- директор на „Гранд“, Саша Поповиќ. Во 2000 година, Елма тврди дека потпишала договор за „Гранд“, во кој се наведува дека парите од продадениот албум „Рака на правдата“ ќе и бидат исплатени во кеш на рака.
Во договорот е предвидено и дека пејачката ќе добие шест проценти од продажбата на ЦД-ата и видеокасетите, меѓутоа, таа тврди дека никогаш не ги видела парите, а дека Поповиќ и ’должи 30.000 конвертабилни марки или околу 15.000 евра.
Пејачката поднесе кривична пријава против Поповиќ во јули 2019 година за кражба и кривично дело даночно затајување во нејзиниот случај, но третото основно обвинителство ја отфрли нејзината пријава.
Откако обвинителството ја одбило пријавата, Елма поднела жалба. Обвинителството ја прифатило жалбата и сега бара да се достават дополнителни даночни информации засновани на таа пријава.
„Решена сум да ја истерам правдата до крај и да одговара што никогаш не ми ги исплати парите од продадениот албум „Рака на правдата“, кој го издадов во 2000 година. Јас нема да се смирам додека не го ставам затвор, затоа што на таквите како него, местото им е зад решетки “ – открива Елма.