Холивудската актерка Гвинет Полтроу дошла до бизарна идеја да продава свеќа која има мирис како нејзината вагина.
Неодамна на нејзиниот сајт започна да се продава и ароматична свеќа која “мириса како нејзиното меѓуножје”. Свеќата се продава по цена од 67 евра и што е уште пооткачено е тоа што веќе е распродадена.
Свеќата на сајтот е опишана како “забавна, прекрасна, секси и прекрасно неочекувана”. Во описот на производот стои и објаснување како дошло до креирање на истата.
“Сè започна како шега помеѓу парфимериите “Douglas Little” и “GP” – тие работеа на мирисот, а таа кажа: “Уффф, ова мириса како моето меѓуножје”. Од тоа произлезе забавен, прекрасен и секси мирис”.
Мирисот е опишан како мешавина од гераниум, цитрусен бергамот и кедар во комбинација со роза, а се додава и дека тој претставува “фантазија, заводливост и софистицирана топлина”.