Македонската ракометна репрезентација моментално се наоѓа во Австрија, каде што се одржува Европското првенство 2020.
Македонските ракометари вечерва со почеток во 18:15 ќе ги одмерат силите со домаќинот Авастрија.
Tие ќе го дадат својот максимум за да и донесат втора победа на Македонија и ќе го остват срцето на терен, а особено значење ќе бидат и голманите кои ќе треба да го бранат секое шутирање на противникот.
Борко Ристовски и Никола Митревски се покажаа како одлични ракометни голмани трудејќи се да забележат што повеќе одбрани.
Иако во претходните натрпевари наизменично се менуваа, за натпреварот со Австрија не знаеме кој ќе брани, дали Никола, дали Борко, но знаеме кој ги поддржува, односно нивните сопруги.
Имено, Митревски е во брак со сопругата Елена Митревска која воедно и е негова најголема поддршка, а заедно од бракот ја имаат ќерка и син.
Во продолжение погледнете како изгледа сопругата и децата на Никола.
Од друга страна, Николина Ристевска и синчето Душан се најголема поддршка на Борко Ристески, а тие се и во Виена од каде го поддржуваат голманот.
Нина е во дрес навиваат од трибините, а на социјалните мрежи се пофалија со едно заедничко „селфи“ и истакна дека е горда на сопругот.
Нина слободното време во Виена го искористи исто така и за прошета и да ги види интересните знаменитости на оваа метропола која со години е магнет за туристите.
Николина и Борко го имаат синот Душан, а во јануари оваа година прославија годишнина од бракот.
За потсетување, Македонија победи против Украина, а изгуби од репрезентацијата на Чешка.