Радио Милева

Музејот „Мадам Тисо“ ги издвои височните фигури од Меган и принцот Хари

Музејот „Мадам Тисо“ ги издвои височните фигури од Меган и принцот Хари

Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон истакна дека принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат сместени во посебен дел и нема да бидат заедно со кралицата Елизабета, принцевите Филип и Чарлс, како и со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пишува „Ројтерс“.

„Заедно со остатокот од светот реагираме на веста дека војводата и војвотката од Сасекс се повлекуваат од кралските должности“  изјави генералниот менаџер Стив Дејвус.

Веста за повлекувањето на принцот Хари и Меган Маркл беше главна во британските медиуми кои пренесуваат дека за оваа одлука не била известена ниту кралицата Елизабета.

Кралското семејство е навредено и повредено со оваа одлука, пренесува „ББС“ и пишува дека Меган и Хари не се консултирале ниту со еден член на семејството.

фото: Профимедиа

Во кратката реакција на Бакингемската палата се наведува дека ја разбираат нивната желба за поразличен пристап, но ќе треба време за „комплицирани прашања“.

Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека кралицата е длабоко потресена и дека заминувањето на Меган и Хари ќе предизвика „војна“ во кралското семејство.

To top