По одлуката принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се повлечат од кралството и да живеат на релација Англија-Америка, меѓу првите се огласи таткото на Меган, Томас Маркл.
На Томас баш не му се допаднала оваа вест.
„Едноставно сум разочаран“, рекол Томас, кој не се видел ниту зборувал со ќерка си откако во мај, 2018-та година се вечаше со принцот Хари. Томас не сакал ништо повеќе да коментира поврзано со одлуката на Хари и Меган.
Да потсетиме, веста за повлекувањето, војводата и војвотката од Сасекс ја објавија на социјалните мрежи.
„После неколкумесечното размислување и интерни расправи, одлучивме оваа година да направиме промена и да се обидеме да создадеме нова прогресивна улога во оваа институција. Сакаме да се повлечеме како постари членови на кралското семејство и да работиме на тоа да бидеме финансиски независни додека континуирано и во целост го поддржуваме Нејзиното Кралско Височество.Планираме да го балансираме нашето време помеѓу Обединетото Кралство и Северна Америка, и ќе продолжиме да ја почитуваме нашата должност кон Кралицата и заедницата. Овој геогравски баланс ќе нѝ овозможи да го одгледаме нашиот син во кралската традиција во која што се роди, а истовремено ќе му овозможиме движење во нашиот нов добротворен ентитет. Дотогаш прифатете ја нашата најдлабока благодарност за вашата постојана поддршка“, објавија тие.