Македонскиот гитарист Влатко Стефановски, во Белград го промовираше својот најнов албум со наслов „Мајчин јазик“, кој е снимен во минимални технички услови. Албумот е објавен кон крајот на минатата година за хрватска продуцентска куќа.
Гостувајќи во емисиии на РТС, но и на прес-конференција пред неговиот концерт во Белград, кој е закажан за 2 април, Стефановски рече дека албумот е снимен и направен за 4 дена, но со материјал кој го собирал и складирал во својата глава во изминатите 20 години.
„Мајчин јазик“ ќе биде премиерно претставен и пред македонската публика на 17 март, а на концертот што ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија, специјални гости ќе бидат групата „Љубојна“ и балканската етно-дива Биља Крстиќ.