Радио Милева

Луксуз на сите страни: Вики Миљковиќ плати дебело за новите 3 стана, а џакузито го внесе со кран

Луксуз на сите страни: Вики Миљковиќ плати дебело за новите 3 стана, а џакузито го внесе со кран

Српската пејачка Вики Миљковиќ купи три стана во елитната населба „Белград на вода“, а во едниот веќе се всели. Како што пишуваат српските медиуми, се проценува дека вредноста на становите изнесува 1 500 000 евра.

Екипата на „Папарацо лов“ ја снимала Вики и ги следела нејзините активности. Имено, тие забележале како работници со кран го внесуваат џакузито во нејзиниот нов дом.

фото: принтскрин/јутуб/папарацолов

Со оглед на тоа дека Миљковиќ се наоѓа на последен кат, немало друг начин како да се внесе џакузито.

За потсетување, пејачката во една прилика истакна дека е многу среќна што ќе се всели во новиот дом и што ќе може да ужива заедно со семејството.

To top