Радио Милева снаа на проценка...

Милица Тодоровиќ се мажи: Пејачката на „бендисување“ кај семејството на актерот во Црна Гора! (ФОТО)

Милица Тодоровиќ се мажи: Пејачката  на „бендисување“ кај семејството на актерот во Црна Гора!  (ФОТО)
Фолкерката Милица Тодоровиќ и актерот Петар Стругар, по се’ изгледа повеќе не ја кријат својата љубовна романса од јавноста.
Двајцата се во љубов веќе четири месеци и планираат брак. Така, на Божиќ, Петар ја одвел Милица во родната Црна Гора, така што пејачката се сретнала со неговото семејство.
„Милица и Петар се еден од друг неразделни и од ден на ден  се поблиски, па и веќе планираат свадба. Тој вели дека билзагрижен како неговото семејство ќе реагира на Милица, но потоа се пофалил дека сите се воодушевени од неа и дека му  дале зелено светло за брак“-  изјавил заеднички пријател на оваа двојка.

Според изворот, и на Милица и се допаѓа семејството на Петар и планира него да го однесе во Крушевац за и тој да се сретне со нејзината фамилија. Ова би бил втор брак на Петар, бидејќи актерот веќе беше во брак со својата колешка Ивана Николиќ, со која има и син, а тие се разведоа во 2015 година.

To top