Радио Милева

За солзите на Том Хенкс зборува цел свет: Актерот со својот емотивен говор ги разнежи сите (видео)

За солзите на Том Хенкс зборува цел свет: Актерот со својот емотивен говор ги разнежи сите (видео)

Целиот свет зборува за солзите на актерот Том Хенкс на доделување на „Златните глобуси“.

Актерот во својот говор истакна дека во животот има многу поважни работи од наградите и признанијата, а пред сите ја истакна својата сопруга.

„Човекот е благословен со семејство кое седи покрај него“ додека гледаше во неговата сопруга Рита Вилсон и неговите деца.

Тој истакна дека тие се најважни во неговиот живот.

„Жена, која е фасцинантна на секој начин, која ме научи што е љубов. Пет деца кои се храбри, силни и мудри многу повеќе од нивната возраст. Прекрасна група на луѓе кои прифаќаат што ме нема со месеци. Не можам да опишам колку ми значи вашата љубов“ вели актерот низ солзи.

To top